Hepatrombin 500 IE гел

240.00 ден

Краток опис на производот:

Hepatrombin 500 IE гел – Хепатромбин се препорачува за употреба како додаток во површна венска тромбоза, синдром на преваритација, тромбофлебитис, чир на ногата. Хепарин има антикоагулантно дејство кое спречува развој на тромби. Апсорпцијата на хепарин преку кожата е многу брза и се депонира во грануларниот слој на епидермисот, со што се манифестира исклучиво локално дејство.

SKU: 8600097306355

Производител

Hemofarm logo

Детален опис на производот и употреба:

Хепатромбин 500 ИЕ гел, делува така што влијае на процесот на коагулација на крвта.

Се користи за:
Лекување на воспаленија на површинските вени (површински тромбофлебитис) и олеснување на тегобите (болка и оток) кај промени на кожата како што се модрици и хематоми (крвни подливи).
Лекот е наменет само за надворешна употреба.

Состав: во 1 грам активна супстанца:

  • Хепарин-натриум 500 ИЕ

Помошни супстанции: алантоин, декспантенол, динатриум-едетат, етерично масло од лимон, изопропилалкохол, карбомер 940: масло од црн бор, левоментол, полисорбат 80, макрогол 6 глицерол каприлокарпат, сорбитол течен-некристализирачки, троламин, вода прочистена.

Начин на употреба:
Секогаш употребувајте го овој лек точно онака како што е наведено во ова упатство или како што ви препорачал вашиот лекар или фармацевт.
Лекот се употребува локално, со нанесување на кожата.
Дозирање: гелот се нанесува во тенок слој на заболеното место, 2 до 3 пати на ден.

Хепатромбин 500 ИЕ гел, не смеете да го употребувате:

  • Ако сте алергични (преосетливи)  на хепарин или било која од помошните состојки на овој лек
  • Ако имате актуелна или во анамнезата присутна тромбоцитопенија (тип II) од имунолошко потекло, предизвикана од хепарин
  • Лекот не се користи кај деца помали од 5 години

Бременост, доење и плодност:
Доколку сте бремени или ако доите, мислите дека можеби сте бремени или планирате да забремените, обратете се на вашиот лекар или фармацевт за совет пред да го земете овој лек.
Нема податоци кои би укажувале дека Хепатромбин гел не смее да се употребува во текот на бременоста и периодот на доење.

Да се чува на температура до 25° C.

После првото отварање, лекот се чува во затворена туба и може да се користи 12 месеци.

Пакување:
40g