Hepagard капсули
325.00 ден
Детален опис на производот:
Примена и употреба на Hepagard капсули:
Се препорачува примена на капсулите Хепагард во случај на:
- Долгорочни диети богати со маснотии и шеќер
- Прекумерна тежина и дебелина
- Безалкохолен замастен црн дроб
- Акутен хепатитис од каква било форма
- Цироза на црниот дроб
- При хроничен алкохолизам
- За време на закрепнувањето на црниот дроб од оштетување од која било причина
За што е наменет MaxMedica Хепагард?
Капсулите содржат комбинација на биолошки активни соединенија кои придонесуваат за одржување на нормалната функција на црниот дроб.
Што содржат капсулите Хепагард?
Млечниот трн (Silybi marianum fructus) и неговата активна состојка силимарин се користат во третман на оштетувања, хронични воспалителни заболувања и при цироза на црниот дроб. Имаат хепатопротективно, хепаторегенеративно, антиинфламаторно, холеретично и антихолестатско дејство.
Артичоката (Cynara scolymus) е повеќегодишно растение од тропските предели. Клиничките студии покажуваат дека препаратите базирани на листови од артичока имаат корисен ефект врз дигестивните проблеми како што се диспепсија, надуеност, гадење и други дигестивни нарушувања, како и за намалување на крвните липиди при лесна до умерена хиперхолестеролемија.
Холин е состојка која се синтетизира во телото, но нејзините количини може да бидат недоволни. Претставува составен дел од фосфолипидот на клеточната мембрана, кој е претходник во синтезата на невротрансмитерот ацетилхолин.
Л-метионинот е есенцијална аминокиселина. Учествува во елиминација на метаболички производи во црниот дроб, како и во метаболизмот на мастите.
Витаминот Ц е најважниот антиоксиданс растворлив во вода. Неопходен е за синтеза на колагенот и други компоненти на сврзното ткиво. Има имунопротективно дејство.
Витаминот Б6 (пиридоксин, пиридоксал, пиридоксамин) спаѓа во групата витамини растворливи во вода. Значаен е во метаболизмот на протеини и аминокиселини.
Што е силимарин?
Силимарин, активна супстанца која се наоѓа во растението млечен трн, но исто така и во артичоката, е мешавина од флавонолигнан силибинин, силицистин, силидијанин и изосилибинин.
Зошто силимаринот е добар за црниот дроб?
Силимаринот го зголемува нивото на глутатион, супстанца која го детоксицира црниот дроб и со тоа спречува оштетување под дејство на хемикалии, лекови и хормони. Тоа влијае на стабилизирање на мембраната на клетките на црниот дроб, со што се спречува влегувањето на токсини и се стимулира регенерацијата на оштетените клетки. Силимарин исто така спречува оштетување на црниот дроб од слободните радикали.
Што е хепатална стеатоза?
Иако не е толку честа појава како што се проблемите со холестерол или висок крвен притисок, стеатозата на црниот дроб е на многу начини еднаква на овие проблеми и всушност е проблем познат како замастен црн дроб. Присуството на маснотии во црниот дроб е нормално, но ако надмине 5% тоа е првиот показател дека има оштетување на еден од најважните органи.
Кои се симптомите на замастен црн дроб?
Замастен црн дроб во почетната фаза честопати не е придружен со никакви симптоми, поради што се нарекува и „тивка болест“. Во понапредна фаза може да се јават нетипични симптоми како што се:
- замор
- гадење
- губење на апетит и тежина
- проблеми со концентрацијата
- болка во централниот или горниот десен дел на стомакот
- темни дамки на кожата
Употреба:
Во текот на првите 8 недели од употреба на капсулите треба да се земаат 2 капсули дневно, а потоа по 1 капсула дневно. Капсулите се конзумираат со малку течност, при оброк.
Пакување:
30 капсули
Аптека ЕРИКС препорачува: