HELICOBalans капсули
770.00 ден
Краток опис на производот:
HELICOBalans капсулите може да се применува превентивно во состојби на зголемен напор или психички стресни состојби кога концентрацијата на Helicobacter pylori е значително зголемена.
Детален опис на производот:
Што претставува и за што се употребува PharmaS HELICOBalans?
Helicobacter pylori се бактерии отпорни на киселата средина во желудникот. Имаат својство да се врзат за желудечната мукоза и да ја колонизираат. На тој начин мукозната бариера ослабува и станува пропустлива за желудечната киселина, а тоа може да доведе до состојба на хронично воспаление на мукозата и чир на желудникот. Инфекцијата со Helicobacter pylori честопати напредува во подолг временски период, без забележителни знаци на болест.
PharmaS HELICOBalans содржи:
Pylopass™ (инактивирана култура на Lactobacillus reuteri)
Лиофилизирана обложена култура на Bifidobacterium animalis spp. Lactis BLC1
Pylopass™ е заштитено име за инактивирана култура на Lactobacillus reuteri. Испитувањата укажуваат на специфично врзување на Pylopass™ со Helicobacter pylori. На тој начин се претпоставува дека се маскираат површинските структури на Helicobacter pylori, се оневозможува нејзино врзување за желудечната мукоза и така се елиминира од организмот.
Пробиотикот кој влегува во состав на PharmaS HELICOBalans капсулите има дополнително дејство на обновување на цревната микрофлора која значително се нарушува при интензивна терапија со антибиотици (тројна терапија).
PharmaS HELICOBalans може да се применува превентивно во состојби на зголемен напор или психички стресни состојби кога концентрацијата на Helicobacter pylori е значително зголемена.
Податоци за правилна употреба на PharmaS HELICOBalans
PharmaS HelicoBalans капсулите се земаат независно од оброкот.
2 капсули дневно, наутро и навечер, да се испијат со доволно течност.
Ако се лекувате со антибиотици, PharmaS HelicoBalans капсулите земајте ги најрано 3 часа пред да го земете антибиотикот.
Да не се надминуваат препорачаните дневни дози.
Што содржи граничниот производ PharmaS HELICOBalans?
Состојки во: 1 капсула
Pylopass™ (инактивирана култура на Lactobacillus reuteri) 100,00 mg
Лиофилизирана обложена култура на Bifidobacterium animalis spp. lactis BLC1, во моментот на производство најмалку 1•109 cfu
Аптека ЕРИКС препорачува: