Granudacyn раствор за испирање рани

850.00 ден

Краток опис на производот:

Granudacyn е антисептичен раствор за испирање рани, чистење, навлажнување и плакнење – акутни, хронични и контаминирани рани.

SKU: 9120073781000

Детален опис на производот:

Mölnlycke Granudacyn Раствор за испирање рани. Granudacyn е антисептичен раствор за испирање рани, чистење, навлажнување и плакнење – акутни, хронични и контаминирани рани.

Индикација за употреба:

  • Оперативни рани
  • Изгореници од прв и втор степен
  • Сите хронични рани со која било длабочина како: улкус на дијабетско стапало, сите форми на улкус на нога, декубитални рани
  • Сите акутни рани како: посекотини, расцепени рани, абразии

Употреба:
Granudacyn не мора да се плакне дополнително или да се неутрализира. Потребно е раната детално да се исплакне. За да се подобри ефектот од чистањето се препорачува растворот да се остави да делува 60 секунди. Оваа постапка може да се повторува неколку пати на ден. Доколку има цврсто закоравени делови може механичкото чистење на раната да се продолжи на 15 минути.

Доколку се работи за вадење на газа од рана за која е залепена натопете со Granudacyn растворот за безболно да се отстрани газата.

Предупредување:
Не го мешајте со други производи за чистење на рани.

Состав:
вода, натриум хлорид, хипохлореста киселина, натриум хипохлорит.

Пакување:
250 ml