Glutathione 250mg капсули
1,980.00 ден
Краток опис на производот:
Главна функција на Glutathione е заштита на нашите клетки од оксидативно оштетување. Тој е клучен за функцијата на здрав имунолошки систем и е неопходен за правилни процеси на детоксикација. Исто така, игра важна улога во одржувањето на клеточното здравје со директно неутрализирање на слободните радикали, како и со одржување на активноста на витамините Ц и Е.
Детален опис на производот:
Glutathione е мал молекул на пептид составен од три аминокиселини: цистеин, глутаминска киселина и глицин. Се произведува од секоја клетка на телото, со особено високи нивоа во црниот дроб. Глутатионот е клучен за функцијата на здрав имунолошки систем и е неопходен за правилни процеси на детоксикација. Исто така, игра важна улога во одржувањето на клеточното здравје со директно неутрализирање на слободните радикали, како и со одржување на активноста на витамини Ц и Е. Овој производ има глутатион во редуцирана, активна форма за оптимална биорасположивост.
Состав
Количина во 1 доза: 1 капсула
Glutathione (редуцирана форма) 250 mg
Препорака за употреба:
Земете 1 капсула дневно, по можност на празен желудник.
Други додатоци:
оризово брашно, хипромелоза (целулозна капсула), силициум диоксид и магнезиум стеарат (од растителен извор).
Не е произведено со пченица, глутен, соја, млеко, јајца, риба, школки или јаткасти состојки. Произведено во GMP капацитет кој произведува други состојки кои ги содржат овие алергени.
Вегетеријански/Веган производ. Без ГМО. Кошер.
Предупредување:
Само за возрасни. Консултирајте доктор доколку сте бремени или доилка, земате лекови или имате некаква медицинска состојба.
Да се чува подалеку од дофат на деца.
Природни варијации на бојата може да се случат кај овој производ.
Пакетчето за свежина не е за јадење. Оставете го во шишенцето.
Чувајте го на ладно, суво место после отварање.
ГЛАВЕН АНТИОКСИДАНТ ВО ОРГАНИЗМОТ
Глутатионот се состои од 3 амино киселини: цистеин, глутаминска киселина и глицин. Тој е главен антиоксидант на организмот кој се произведува во секоја клетка на телото, со особено високи нивоа во црниот дроб.
Главна функција на Glutathione е заштита на нашите клетки од оксидативно оштетување. Тој е клучен за функцијата на здрав имунолошки систем и е неопходен за правилни процеси на детоксикација. Исто така, игра важна улога во одржувањето на клеточното здравје со директно неутрализирање на слободните радикали, како и со одржување на активноста на витамините Ц и Е.
Како старееме, способноста на нашиот организам да произведува глутатион, се намалува. Глутатионот не е само ендоген антиоксидант – туку е и есенцијален фактор во искористување на енергија, детоксикација и заштита од болести кои доаѓаат со стареењето. Глутатионот најдобро ги штити митохондриите и помага кај автоимуни заболувања, стрес, загадување… Повеќето луѓе немаат доволно глутатион и имаат нарушено здравје, слаб имунитет, лошо се чувствуваат и брзо се заморуваат.
Нивото на глутатион се зголемува со истовремено земање на Алфа Липоична Киселина, Витамин Ц, Витамин Е и Витамин Д3. Одржувањето на доволни нивоа на глутатион претставува основен предуслов да бидеме здрави.
Производот NOW Glutathione е во редуцирана, активна форма за оптимална биорасположивост.
ПОЛЕЗНОСТИ
- Неутрализација на штетните клетки или радикали
- Поттикнува клеточна функција
- Ја зголемува количината на енергија
- Ги регулира биохемиските процеси, т.е. метаболизмот
- Го намалува воспалението
- Го јакне имунолошкиот систем
- Отстранува тешки метали и останати токсини
- Го обновува црниот дроб (хепатитис, замастување, алкохолизам)
- Ја подмладува кожата и ја зголемува еластичноста
- Автоимуни болести – неуродерматитис, алергии, диабетес, псоријаза
- Антиканцероген ефект
Аптека ЕРИКС препорачува: