Ginko Forte капсули
195.00 ден
Детален опис на производот:
Ефикасност на капсулите MaxMedica Ginko Forte
Овој препарат придонесува за подобрување на општата состојба на мозочните активности и циркулација на главата, рацете и нозете.
Ginko Forte ја подобрува состојбата на мозочна активност, концентрација и меморија. Се препорачува за луѓе кои имаат проблеми со циркулацијата на крвните садови во главата, како и за оние со проблеми со периферна циркулација на рацете и нозете.
Диететски производ кој со синергистичко дејство на екстракт од гинко билоба, витамини Б6, Б12 и фолна киселина (витамин Б9), има корисен ефект врз циркулацијата на мозокот и развојот на нервните клетки. Гинко ја подобрува меморијата и другите активности на мозокот, има благ антидепресивен ефект и е корисен за луѓето кои страдаат од мигрена.
MaxMedica Гинко Форте ви носи идеална количина на состојки за дневните придобивки и здравјето на вашето тело.
Од каде потекнува гинко билоба?
Дрво од гинко или мандаринско дрво, како што се нарекува, е листопадно дрво и единствен претставник на неговиот вид (Гинкофита). Гинко е единственото голосемено дрво од својот вид.
Ова дрво порано било широко распространето. Познато е уште од периодот Јура, пред околу сто седумдесет милиони години. Во тоа време, видовите од овој род го населувале скоро целото копно. Повеќето видови исчезнаа непосредно пред терцијалниот период.
Денес, како див вид, гинко билоба се наоѓа само во планините на југоисточна Кина како негово природно живеалиште. Сепак, многу успешно се одгледува во паркови и ботанички градини и со векови е свето дрво како дел од кинеските и јапонските храмови.
Гинко е вистински остаток – жив фосил, кој преживеал до денес од мезозоикот.
За што се користи гинко билбоа?
Лисјата и семето од гинко билоба се многу корисни затоа што содржат голем процент на флавоноиди, гликозиди, гинколиди, билобалиди, есенцијални масла, танинска киселина итн.
Првиот екстракт од лисјата од гинко е произведен во 1965 година, а за тоа д-р Кори добил Нобелова награда. Неговите лековити својства се добро познати и традиционално се користат уште од античко време во медицината на Далечниот Исток.
Покрај тоа, гинко е омилен вид на дрво за во парковите бидејќи е откриено дека го прочистува воздухот во градовите и добро се справува со загадениот воздух.
Капсулите Гинко Форте се препорачуваат како помош при:
- Слаба меморија
- Намалена концентрација
- Нарушена циркулација и болка во нозете
- Лица кои страдаат од депресија
Состав:
Сув екстракт од лист од гинко(Ginko biloba) стандардизиран на 24% флавон и 6% лактон, Витамин Б3 (никотинамид), Витамин Б5 (калциум-Д-пантотенат), Витамин Б2 (рибофлавин), Витамин Б1 (тиамин-хидрохлорид), Витамин Б6 (пиридоксин-хидрохлорид), Витамин Б9 (птероилмоноглутаминска киселина), Витамин Б7 (Д-биотин), Витамин Б12 (цијанокобаламин), малтодекстрин, средства за згрутчување: магнезиум стеарат и силициум-диоксид, капсула: желатин, пречистена вода, боја- титан диоксид.
Пакување:
30 капсули
Начин на употреба:
Се препорачува употреба на 1 капсула дневно, во утринските часови
Аптека ЕРИКС препорачува: