Fural S капсули

210.00 ден

Краток опис на производот:

Fural S се употребува за краткотрајно лекување на акутна дијареја од бактериска етиологија, односно дијареја како резултат на бактериски инфекции предизвикани од грам-позитивни коки, како и од грам-негативни ентеробактерии.

Нема на залиха

ИЗВЕСТУВАЊЕ: За жал овој производ го немаме на залиха, една од причините е неможноста да биде нарачан од сите релевантни веледрогерии во Македонија. Погледнете што препорачува аптека ЕРИКС како замена и/или поврзани/слични производи.
За повеќе информаци околу достапноста ве молиме контактирајте со нас.

SKU: fural-s

Производител

Alkaloid Skopje Logo

Детален опис на производот и употреба:

Состав Fural S
Нифуроксазид 200 mg.

Фармацевтска форма
Капсула, тврда.

Дејство
Нифуроксазидот припаѓа во групата антидијареици и во групата интестинални антиинфламаторни/антиинфективни лекови. Дејствува локално во цревата и покажува екстремно ниска системска апсорпција. Активноста се должи на нитро-групата (NO2), којашто е силно електрон-реактивна.

Употреба
Fural S се употребува за краткотрајно лекување на акутна дијареја од бактериска етиологија, односно дијареја како резултат на бактериски инфекции предизвикани од грам-позитивни коки: Streptococcus pyogenes, Staphylococcus pyogenes, како и од грам-негативни ентеробактерии: Escherichia coli, Salmonella и Shigella.

Пакување
Кутија Фурал С – 10 капсули во блистер и со упатство за пациентот.