Forvita Anti-stress таблети

280.00 ден

Краток опис на производот:

Forvita Anti-stress таблетите се препорачуваат при: стрес, намален имунитет, зголемена физичка или психичка активност, зголемена иритабилност, небалансирана храна, честа употреба на леквови за регулирање на столица, нередовен начин на живот, лошо расположение и несоница, проблеми со концентрацијата и помнењето, мускулни грчеви, пред-менструален синдром.

SKU: 5310090003207

Производител

ReplekFarm logo

Детален опис на производот и употреба:

Forvita Anti-stress tableti Mg + B6 Идеална комбинација за ослободување од стрес и напнатост

Се препорачува при:

  • стрес
  • намален имунитет
  • зголемена физичка или психичка активност
  • зголемена иритабилност
  • небалансирана исхрана (еднолична исхрана, диети)
  • честа употреба на лекови за регулирање на столицата (лаксативи)
  • нередовен начин на живот (пушење, прекумерно пиење алкохол, кафе, чај)
  • лошо расположение и несоница
  • проблеми со концентрацијата и помнењето
  • мускулни грчеви
  • пред-менструален синдром

Магнезиум
Минерал од витално значење, кој организмот не може сам да го синтетизира. Неопходен е за нормален клеточен раст, снабдување на клетките со енергија,  активацијата на бројни ензими,  правилно функционирање на нервниот, мускулниот систем,  срцето и коските (ги помага  процесите на формирање и ресорпција на коските).

Знаци на недостаток на магнезиум:

  • брзо заморување
  • грчеви на мускулите под коленото
  • кардиоваскуларни нарушувања
  • депресија, безволност

Витамин Б6 – неопходен  за протеинскиот метаболизам на клетките, нормално функционирање на нервниот и имуниот систем, создавање на хемоглобинот во црвените крвни клетки.

Магнезиум и витамин Б6 се идеална комбинација бидејки кога се земаат заедно апсорпцијата на магнезиум е многу подобра.

СОСТАВ
1 филм-обложена таблета содржи: 50 mg магнезиум  во форма на магнезиум лактат и 2 mg витамин Б6

ДОЗИРАЊЕ
Деца над 14 години и возрасни: 1-3 филм-обложени таблети на ден.
Во тек на бременост и доење: 1 филм-обложена таблета на ден.