Forvita ACE + Se капсули
290.00 ден
290.00 ден
Forvita ACE + Se капсулите претставуваат комбинација од повеќе компоненти, есенцијалните витамини А, Ц, E и олигоелементот Селен, потребни за нормално функционирање на организмот.
Витамин A придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем, одржување на
нормална кожа и мукозни мембрани и одржување на нормален вид. Има улога во процесот на диференцирање на клетките и придонесува за нормален метаболизам на железо.
Витамин Ц придонесува за нормално формирање на колаген за нормална функција на крвните садови, коските, ‘рскавицата, кожата, забите и непцата. Ја зголемува апсорпцијата на железо и придонесува за намалување на заморот и исцрпеноста. Исто така, придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем, за заштита на клетките од оксидативен стрес и за нормален енергетски метаболизам.
Витамин Е придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес (заштита на ДНК, протеини и липиди од оксидативно оштетување).
Селен придонесува за нормална функција на тироидната жлезда, за нормална сперматогенеза и за одржување на нормални коса и нокти. Исто така, придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес и за нормална функција на имунолошкиот систем.
ФОРВИТА® + Se капсулите претставуваат добро избалансиран додаток на исхраната и овозможуваат дополнување во исхраната со наведените витамини и селен.
Состав:
1 капсула
*Препорачано Дневно Внесување
Употреба:
Возрасни: една капсула ФОРВИТА® + Se дневно.