Floravitex капки

590.00 ден

Краток опис на производот:

Floracitex капките позитивно влијаат на контролата и производството на женски полови хормони.

Нема на залиха

ИЗВЕСТУВАЊЕ: За жал овој производ го немаме на залиха, една од причините е неможноста да биде нарачан од сите релевантни веледрогерии во Македонија. Погледнете што препорачува аптека ЕРИКС како замена и/или поврзани/слични производи.
За повеќе информаци околу достапноста ве молиме контактирајте со нас.

SKU: floravitex-kapki

Производител

Alternativa Medica Logo

Детален опис на производот и употреба:

Органските билни капки Floravitex претставуват 100% природен, органски производ на база екстракт од плодот на Vitex agnus castus, со органски овошни дестилати.

Со клинички испитувања е докажано дека состојките на плодот од Витекс агнус кастус во Флоравитекс капките, ги смируват или отстрануват тегобите при менструални пораметувања како што се :

  • стерилитет (стерилитет предизвикан од недостаток на жолто тело – менструално пораметување на овулацијата)
  • цисти на јајниците
  • миоми на матката
  • болни и нередовни менструации
  • предменструален синдром
  • ендометриоза
  • синдром на полицистични јајници
  • Acne vulgaris
  • менопауза
  • Фиброцистични промени на дојката

Примена на органските капки Флоравитекс
Нередовен менструален циклус во почетокот на пубертетот и во покасната доба, дисменореја (болни менструации), акутни и хронични воспаленија на јајниците, акутни и хронични воспаленија на матката, бенингни цисти на јајниците, миоми, цицти на дојките настанати како резултат на хормонален дизбаланс, предменструален синдром.

Органските капки Флоравитекс содржат плод од дива лаванда кој се применува повеќе од 2500 години за регулација на менструалните пораметувања, Хипократ ја спомнувал уште во 4 век пред наша ера, а научните истражувања денес го потврдија тоа со современите методи на испитување.

Биолошките активни состојки на плодот од дива лаванда позитивно влијаат на контролата и производството на женски полови хормони.

Органските билни капки се применуват при неплодност предизвикана од пораметување во лутеалната фаза. Тие позитивно влијаат на контролата и производството на хормони во текот на последните две недели од циклусот. Овој период од циклусот е познат по стварање на жолто тело која ја припрема јајце клетката за оплодување и матката за евентуалната бременост. Флоравитекс капките го нормализираат нивото на прогестерон кој го лачи жолтото тело па со тоа помагаат за обнова на здрава менструална функција.

Многу менструални проблеми се поврзани со намалено производство на прогестерон во втората фаза на менструалниот циклус, исто така наречена лутеална фаза. Поради недостатокот на прогестерон во оваа фаза на менструалниот циклус, естрогенот доминира па се јавува скратувањето на овој период од циклусот. Скратената лутеална фаза со премногу естроген и недостаток на прогестерон доведува до различни проблеми кај жените, абнормална менструација, кратки периоди или целосно отсуство на циклусот. Капките Фловавитекс влијаат и на други хормони – пролактинот (хормон кој влијае на млечните жлезди) кој може да се зголеми во овој период, што би довело до болка во градите што е карактеристична за ПМС синдром.

Билни состојки во Флоравитекс капките не делуваат како хербален естроген (фитоестроген), компоненти кои често се користат за регулирање на женскиот репродуктивен систем. Капките за флоравитекс влијаат врз хипоталамусот и хипофизата, малите жлезди во мозокот кои како проводници ги регулираат сите други хормони во телото и водат кон воспоставување на рамнотежа во производството на естроген и прогестерон или индиректно влијаат врз зголемувањето на производството на прогестерон и нормализирањето на нивото на пролактините.

Капките Фловавитекс исто така помагаат и во други хормонални нарушувања, меѓу кои се цистична хормонална хиперплазија  на ендометриумот (ендометриоза), овулационо крварење, ановулаторно крварење и хипотироидизам. Од гинеколошки заболувања кои предизвикуваат крварење после менструалниот циклус, најчести се: цервикална и ендометријална полипоза, субмукозни миоми, карцином и саркома на грлото на матката, матка и јајцеводите, ендометритис (по абортус, туберкулоза или стеноза на грлото на матката).

Менопаузата е природна биолошка промена во животот на секоја жена, но честопати е придружена со бројни физички и психолошки промени. Бранови на топлина или вознемиреност, ненадејни срцеви палпитации, главоболки, непријатност, исцрпеност, промени во расположението, несоница и ноќно потење се само некои од најчестите симптоми на менопаузата. Во изминатите неколку години, грижата за квалитетот на животот на жените во менопаузата е занемарена, а во исто време се зголеми и употребата на антидепресиви. Најдобрата алтернатива за отстранување или ублажување на симптомите и последиците од менопаузата е употребата на хербални лекови. Токму растителни капки Фловавитекс, можат да ги намалат сите симптоми кои ја придружуваат менопаузата и значително влијаат на квалитетот на жената во тој животен век. Со оглед на тоа дека менопаузата е состојба поврзана со хормони, капките Флоравитекс можат да бидат корисни за здрав хормонален и емотивен живот на една жена.

Препорачана употреба на производот: 
Два пати на ден по 40 капки, најмалку 3 до 6 месеци без прекин, по што треба да се направи пауза.