Fastum Gel
260.00 ден
Детален опис на производот и употреба:
Fastum Gel содржи активна супстанција кетопрофен и се користи при:
- болки и воспаленија во остео-артикуларкиот и мускулниот систем,
- болки од ревматско или трауматско потекло,
- повреди на меките ткива и
- акутни контузии и исчашувања.
Дозирање:
Fastum е гел и е наменет за локална апликација на кожата. По секоја употреба, не заборавајте да ги миете рацете темелно со сапун и вода. Fastum Gel не треба да се користи кај деца под 15 години и не смее да се користи повеќе од 7 дена без консултација со лекар.
Возрасни и адолесценти по 15-годишна возраст:
Нежно масирајте 3-5 cm од гелот во кожата 1-2 × / ден.
Не користете под оклузивен завој.
Пакување:
50g