Echinavit C сируп

160.00 ден

Краток опис на производот:

Echinavit C сирупот се користи за зајакнување на имунитетот на организмот; при постоење на почетни знаци на настинка и грип; ублажување на кашлица во состојба на воспаленија и иритација на слузокожата на дишните патишта  и при општа малаксаност на организмот

SKU: 5319990141835

Производител

Fitofarm Logo

Детален опис на производот и употреба:

Echinavit C sirup – Ехинавит Ц® сирупот во сојот состав содржи активни растителни компоненти кои со своето синергистичко дејство на природен начин поволно делуваат на зголемување на имунитетот и ја подобруваат отпорноста на организмот.

Сувиот екстракт од ехинацеата содржи фенолна компонента ехинакозид – дериват на кафената киселина, флавоноиди, полисахариди, стероли, масни киселини, гликопротеини. Ваквиот состав на биолошки активни материи на екстрактот му овозможува поволно да делува на зголемување на имунитетот и одбранбената способност на организмот при одредени заболувања или превентивно во случај на замор и општа малаксаност. Активните компоненти поседуваат и антибактериско, антивирусно и противвоспалително дејство, поради што поволно делуваат во случаи на настинка, кашлица и брoнхитис.

Слузите од белиот слез ја омекнуваат слузницата на дишните патишта и го олеснуваат искашлувањето на секретот.

Тинктурата од тимијан поволно делува на ублажување на кашлицата и разредување на густиот секрет во респираторниот тракт. Поседува благо антисептично и антибактериско својство.

Витаминот Ц како добар антиоксидант има својство да ги врзува слободните радикали во организмот. Во комбинација со екстрактот од ехинацеа учествува во зајакнување на имунитетот на организмот.

Употреба:
Ехинавит Ц® сирупот е природен производ кој се препорачува да се употребува за:

  • зајакнување на имунитетот на организмот;
  •  при постоење на почетни знаци на настинка и грип;
  • ублажување на кашлица во состојба на воспаленија и иритација на слузокожата на дишните патишта;
  • општа малаксаност на организмот.