Dramina таблети

140.00 ден

Краток опис на производот:

Dramina таблетите се антихистаминик, се употребува за: превенција на мачнина, повраќање и/или вртоглавица  поврзани со болеста на движење.

SKU: 3858881050952

Производител

Jadran galenska laboratorija logo

Детален опис на производот и употреба:

Драмина се употребува за:

  • превенција на мачнина, повраќање и/или вртоглавица  поврзани со болеста на движење.
  • превенција и третман на мачнина и повраќање од друга причина (освен во случај на земање на антинеопластичен лек).
  • Пред да почнете да го користите Dramina

Немојте да  земате Dramina
Ако сте алергични на дименхидринат или друга компонента на лекот.

Бидете внимателни со Драмина
Информирајте го својот доктор ако имате некоја хронична болест, метаболно нарушување, ако сте преосетливи или ако земате други лекови.

Драмина треба внимателно да се употребува кај болни со конвулзии, како и кај оние кај кои антихолинергичното дејство на дименхидринатот може да ја влоши основната болест (глауком на затворен агол, хипертрофија на простата, бронхијална астма). Дименхидринатот може да ги замаскира симптомите на ототоксичност, заради што е потребно посебно внимание при истовремена употреба со ототоксични лекови.

Употреба:
Најмалку 30 минути пред планираното патување или употреба на лек што тешко се поднесува:

  • возрасни и деца постари од 14 години: 50-100 mg (1-2 таблети),
  • деца на возраст од 5-14 години: 25-50 mg (1/2 -1 таблета).

Ако има потреба дозата може да се земе повторно, на секои 4-6 часа.

Лекот може да се земе независно од земањето на храна. Таблетите треба да се проголтаат со доволна количина на течност (пр. со вода).