Diarino ORS ќеси
320.00 ден
Краток опис на производот:
Diarino ORS (Диарино ОРС) ќесите се идеална комбинација на пробиотик S.boulardii и електролити кои значително го намалуваат времетраењето на диарејата, а притоа вршат рехидрирање на организмот.
Детален опис на производот:
Што е Diarino ORS?
Diarino ORS (Диарино ОРС) претставува нов додаток во исхраната кој осигурува внес на натриум, калиум и други електролити со кои се надополнува изгубената сол и јаглехидрати.
Оргиналната формулација покрај ORS (орални рехидратациски соли) содржи и пробиотик S.boulardii кој значајно го намалува периодот на траење на дијареата.
За што се употребуваат Diarino ORS ќесичките?
- Дијареа предизвикана од антибиотици кај деца и возрасни;
- Патничка дијареа кај деца и возрасни;
- Акутни инфективни дијареи кај деца и возрасни;
- Терапија и ерадикација на H.pylori кај деца и возрасни;
- Инфекции со Clostridium difficile и Salmonellom typhi;
- Crohn-ова болест, синдром на иритабилен колон, дијареа при HIV – инфекции и парентерална исхрана;
- Некротизирачки ентероколитис.
Карактеристики и дејство на состојките на Diarino ORS?
Пробиотик S.boulardii:
- Го преживува трансферот низ сите делови на дигестивниот тракт;
- Природно е отпорен на антибиотици!!!!
- Не го колонизира дигестивниот тракт – се елиминира од фецесот после 3-5 дена од прекинот на употребата;
- Ги инхибира бактериските токсини и го инхибира растот на патогените (Candida albicans, Salmonella typhumurum);
- Ја зголемува концентрацијата на IgA (противвоспалително дејство);
- Значајно го намалува периодот на опоравок на цревната микрофлора после третман со антибитици;
- Позитивно влијае на метаболизмот на колонот преку зголемување на концентрацијата на кратко ланчаните масни киселини.
ORS (орални рехидратациски соли)
- Осигурува внес на натриум, калиум и други електролити со кои се надополнува изгубената сол и јаглехидрати;
- ORS се специјално дизајнирани за состојби кога настапува умерена до силна дехидрација: воспаление на очи, недостаток на солзи, сува уста и помалку од една мокра пелена на 6 часа (кај бебиња).
Начин на употреба:
- Една ќесичка се раствора во 250 мл зовриена и оладена вода на собна температура вода и се пие во мали голтки. За да се подобри вкусот, подготвениот раствор може да се заслади со мала количина на овошен сок;
- Друга можност е да се меша со кисело млеко во прав или каша (собна температура);
- Подготвениот раствор PharmaS – Diarino ORS, треба да се испие за 6 часа, ако се чува во фрижидер или за 3 часа ако се чува на собна температура;
- Возрасни и деца постари од 1 година: 1 ќесичка дневно.
Аптека ЕРИКС препорачува: