Detrical 1000 IU таблети
315.00 ден
Краток опис на производот:
Detrical 1000 е производ со витамин Д3, од природно потекло, со одлична апсорпција. Придонесува за одржување на здрави коски, одржување на нормална мускулна функција, како и нормална функција на имуниот систем.
Детален опис на производот:
Една обложена таблета Detrical 1000 содржи 1000 I.U. (25 μg) витамин Д (холекалциферол).
Препорачаните дози за жени и мажи се 800-2000 IU/ден, во зависност од телесната тежина.
Витаминот Д придонесува:
- за одржување на здрави коски
- за одржување на нормална мускулна функција
- за нормална функција на имуниот систем
Витамин Д3 треба да се користи:
- во есенските и зимските месеци помеѓу септември и април
- во текот на целата година, ако во текот на летото нема соодветно изложување на сонце
- во текот на целата година, за постари лица (над 65 години ), бидејќи ефикасноста на синтезата на витамин Д во кожата е намалена кај постари лица
Витаминот Д го намалува ризикот од настанување на скршеници, ја подобрува нервномускулната функција и го намалува ризикот од паѓање. Паѓањето е ризик фактор за фрактури на коските кај мажи и жени постари од 60 години.
Примена:
За диететско регулирање кај лица со остеопенија, остеопороза, автоимуни, кардиоваскуларни, малигни болести и други состојби и болести кај кои е неопходен надомест на витамин Д.
Најдобри природни извори на витамин Д се рибино масло и риба. За жал, овие производи ги трошиме во премногу мали количини, а во исхраната на малите деца сè уште недоволно се користат. Кај млечните производи, количината на витамин Д е премала за да се задоволат потребите на организмот.
Начин на употреба:
Возрасни – 1 таблета еднаш на ден.
Пакување:
60 обложеи таблети
Аптека ЕРИКС препорачува: