Defendyl Imunoglukan P4H® капсули
920.00 ден
Краток опис на производот:
Defendyl Imunoglukan капсулите се додаток во исхрана со имуноглукан, витамин Ц и цинк, кои допринесуваат за функцијата на имунолошкиот систем. Одличен производ за поголема отпорност на целото семејство, наменет за возрасни и деца над 6 години кој може да се зема неколку месеци континуирано.
Детален опис на производот и употреба:
За кој се наменети Defendyl-ImunoglukanP4H® капсулите
- За возрасни и за деца над 7 години
- За зајакнување на отпорноста пред и за време на сезоната на настинки
- За зголемување на енергијата
- Може да ги земате повеќе месеци без прекин
- Може да ги земате истовремено со антибиотици и со други лекови
- Мала капусла
- Само еднаш дневно
Употреба:
- Defendyl P4H® капсулите се наменети за долготрајна поддршка на имунолошкиот систем. За да се зајакне работата на имунолошкиот систем, земајте ја препорачаната доза од 2 до 3 месеци. Defendyl P4H® можете без престанок да го земате до 12 месеци.
- Немојте да ги џвакате капсулите. Испијте ги со чаша вода и голтнете ја целата капсула. Капсулата може да се отвори и содржината да се истури во лажичка. Со лажицата земете течност, најдобро овошен сок. Капсулата земајте ја на празен стомак наутро, половина час пред појадок или навечер пред спиење.
- Defendyl P4H® капсули се погодни за дијабетичари и луѓе со алергии. Не содржат глутен и лактоза. Капсулите со од растително потекло и се погодни и за вегани. Без алергени (млечни протеини, лактоза, глутен, јајца, риба, кикиритки, сусам, соја, ореви, целер, сенф, ракчиња и мешунки).
- Defendyl P4H® капсули не се погодни за деца помлади од 3 години. Чувајте ги подалеку од дофат на деца. Чувајте ги на темно и суво место, на температура до 25 °C.
Состав:
Imunoglukan®, витамин Ц (калциум Л-аскорбат), цинк (цинк цитрат), средства против згрутчување (магнезиум стеарат и микрокристална целулоза), капсула (хидроксипропилметил целулоза), бои (комплекс хлорофилин-бакар, титан диоксид). Капсулата е од растително потекло.
Дозирање:
- деца од 6 до 14 години: 1 капсула на ден
- деца постари од 14 години и возрасни: 1 до 2 капсули на ден