Cystofit forte таблети

500.00 ден

Краток опис на производот:

Cystofit forte таблетите се наменети за ублажување на воспалението на уринарниот тракт, особено циститис и простатитис, учествува во излачување на токсини надвор од телото, помага да се минимизира задржувањето на течностите во организмот со што се спречува појава на едеми со различна етиологија.

SKU: cystofit-forte

Производител

Fitofarm Logo

Детален опис на производот и употреба:

Cystofit forte таблетите  се наменети за ублажување на воспаленија на уринарните патишта

Состав:
1 таблета содржи:
150 mg екстракт од листови од чај за бубрези (Orthosiphonis folium), 100 mg лист од бела бреза (Betula alba), 50 mg лист од брусница (Vaccinium vitis idaea), 50 mg лист од магдонос (Petroselinum crispum), 30 mg екстракт од карликова палма (Serenoa repens), 30 mg корен од елеутерокок (Eleuterococus senticosus).

Дејство:
Нарушувањето на функцијата на уринарниот систем станува сé почеста појава кај женската популација. Причините за тоа се различни: намалување на општиот и локалниот имунитет, инфекции, алергии и компликации предизвикани од  хемиски агенси и  зрачење. Во последните години клинички е потврдена тесната врска меѓу уринарниот систем и гинеколошкото здравје. Ризикот од развој на заболувања на уринарниот систем кај жените е многу висок. За намалување на овие појави успешно се користи фитотерапијата, односно лекување со растенија кои поседуваат антимикробни, антиинфламаторни, диуретски и имуностимулаторни својства.

Зошто да користите ЦИСТОФИТ форте:

  • помага при воспаленија на уринарните патишта, особено при циститис и простатитис;
  • учествува во отстранувањето на токсини од организмот;
  • помага да се намали задршката на течности во телото, а со тоа спречува создавање на отоци од различен карактер.

Препорака за примена:
Возрасни и деца постари од 14 години – по 2 до 4 таблети на ден, за време на оброк.
Времетраење на континуирана примена – 1 месец.
Контраиндикации: Индивидуална неподносливост на состојките на препаратот, бременост и доење, зголемена нервна раздразнетост, употреба на препаратот навечер, зголемен крвен притисок. Пред употреба неопходна е консултација со лекар.

Пакување:
30 таблети