CURAPROX Perio plus focus пародонтален гел

340.00 ден

Краток опис на производот:

CURAPROX Perio plus focus пародонтален гел – за локална употреба како интензивна поддршка во третманот на пародонталните заболувања.

SKU: 7612412426625

Бренд

Curaprox logo

Детален опис на производот и употреба:

CURAPROX Perio plus focus пародонталниот гел содржи 0,5% хлорхексидин (CHX), Citrox® и хијалуронска киселина. Хлорхексидинот ефикасно го спречува создавањето на забните наслаги, додека Citrox® докажано го зголемува ефектот на хлорхексидинот, со пријатен вкус и не влијае врз сетилото за вкус. Хијалуронската киселина ефикасно ја подобрува регенерацијата на ткивата после орално-хируршки интервенции.

Citrox® е природен екстракт на девет природни биофлавоноиди од горчлив портокал. Биофлавоноидите имаат широк и моќен антибактериски ефект. Потполно е природен и нема несакани ефекти. Citrox® во комбинација со хлорхексидин има поголема ефикасност отколку хлорхексидинот поединечно.

Пародонталниот гел е наменет за локална употреба. За негова едноставна апликација може да се користи CURAPROX CS Surgical четката за заби или CURAPROX CPS интерденталните четкички.

Наменет е за КРАТКОТРАЈНА и интензивна употреба (3-7 дена).

Предности на производот:

  • содржи 0,5% хлорхексидин кој го намалува создавањето на забните наслаги
  • содржи Citrox® кој делува антибактериски
  • содржи хијалурнска киселина која ја подобрува регенерацијата на оралната слузокожа после орално хируршки интервенции.