Детален опис на производот:
Replek Colosal е патентирана формула, храна за посебна нутритивна употреба за медицински потреби.
- На база на путерна (бутирна) киселина, фруктоолигосахариди и живи култури
- Не содржи глутен
- За диетална исхрана на пациенти со синдром на иритабилно црево
Ефикасноста на Colosal се должи на комбинацијата на трите состојки:
- Бутирната (путерна) киселина е масна киселина со краток синџир, присутна во природата како компонента на масната фракција на млекото и неговите деривати. Кај луѓето е физиолошка творба што се формира во дебелото црево како резултат на ферментација на диетални влакна. Бутирната киселина е главен извор на енергија на клетките на дебелото црево (колоноцити), го стимулира метаболизмот и нивното физиолошко созревање и игра важна улога во одржувањето на интегритетот на цревната слузница. Нејзиното присуство во цревата ја намалува pH-вредноста на цревата, при што создава неповолна средина за развој на патогени бактерии
- Бифидобактериите се живи бактериски култури и важни компоненти на цревната микрофлора и се едни од најважните „добри“ бактерии во дебелото црево кај возрасните и кај децата
- Фруктоолигосахаридите се сложени јаглехидрати или природни шеќери што се речиси несварливи во организмот на човекот. Нивната улога на пробиотик е тоа што се храна за разновидната бактериска популација што ја сочинува човековата интестинална флора
Состав:
супстанција за зголемување на волуменот: микрокристална целулоза; калциум бутират; супстанција за зголемување на волуменот: хидроксипропилметилцелулоза; фруктоолигосахариди (ФОС); супстанција за полирање: ацетилиран скроб; супстанција за спречување на згрутчување: магнезиум стеарат; супстанција за полирање: талк бифидобактериум бифидум DSM 25565; регулатор на киселост: лимонска киселина; супстанција за полирање: титан диоксид; боја: патент плаво V; супстанција за полирање: глицерол; бифидобактериум лактис DSМ 25566; супстанција за зголемување на волуменот: поливинилпиролидон.
Употреба:
Се препорачува да се пијат наутро пред доручек, или алтернативно 1 таблета наутро, 1 навечер пред спиење.
- 2 х 1 таблета Colosal во текот на првиот месец
- 1 х 1 таблета Colosal како доза за одржување
Таблетите се гастрорезистентни, и за да се постигне најдобар ефект, не треба да се кршат ниту да се џвакаат.
Пакување:
30 гастрорезистентни таблети со приспособено ослободување.