Citikol B капки

495.00 ден

Краток опис на производот:

Citikol B капки помагаат во подобрување на стабилноста на солзниот филм, со што површината на окото се одржува подмачкана, навлажнета и заштитена.

SKU: 5310001246204

Производител

Alkaloid Skopje Logo

Детален опис на производот и употреба:

Citikol B Состав
Капките за очи Цитикол Б претставуваат стерилен раствор, медицинско средство од класа IIa, и содржат:

  • 2 % натриумова сол на цитиколин
  • 0,2 % xијалуронска киселина
  • 0,05 % цијанокобаламин (витамин Б12)
  • 0,01 % бензалкониум хлорид

Растворот е со pH-вредност од 6,3 до 6,7.

Фармацевтска форма
Капки за очи, раствор.

Дејство
Цитиколинoт помага во обновување на оштетените клеточни мембрани на ретинските ганглиски клетки и на главата на оптичкиот нерв.

Хијалуронската киселина помага во подобрување на стабилноста на солзниот филм, со што површината на окото се одржува подмачкана, навлажнета и заштитена.

Цијанокобаламинот (витамин Б12) поволно влијае врз растот на епителните клетки на рожницата и ги штити клетките од дејството на слободните радикали.

Употреба

  • Пациенти со глауком (покрај стандардната хипотензивна терапија).
  • Пациенти со дијабетична ретинопатија.

Возрасни
По една капка во окото, 3 пати на ден, по потреба.

Пакување
Шише со 10 ml раствор, кутија и упатство за пациент