Cerustop спреј-масло за уво
395.00 ден
395.00 ден
Детален опис на производот:
За што се користи Cerustop спреј-маслото за омекнување ушна маст?
Се распрскува во надворешниот ушен канал. Маслото потоа продира во ушната маст, ја раствора и го олеснува нејзиното отстранување. Стврднатата ушна маст влијае на слухот и може да предизвика воспаление на надворешниот ушен канал. Поради тоа е потребно нејзино редовно отстранување.
Церустоп спреј-маслото за омекнување ушна маст-може да се применува во текот на бременост и доење.
Церустоп спреј-маслото за омекнување ушна маст погоден е за примена кај возрасни и деца постари од 3 години.
Како се употребува Церустоп спреј-маслото за омекнување ушна маст?
За отстранување на прекумерната и стврдната ушна маст се распрскува 2-3 пати (за деца 1-2 пати) млак Церустоп спреј-маслото за омекнување ушна маст во надворешниот ушен канал.
Се затвора увото со парче памук за да се спречи истекување на Церустоп спреј-маслото за омекнување ушна маст. Памукот се става надворешно нежно на отворот и никогаш не се внесува во ушниот канал. По 10 минути увото се плакне со топла вода по можност со помош на рачен туш. Во случај на појако стврдната ушна маст се препорачува повторување на постапката.
За да се отстрани ушната маст, нечистотиите и изумрена кожа од ушната школка се распрскува на памук неколку пати млак Церустоп спреј-маслото за омекнување ушна маст и се пребришува увото неколку пати. Потоа се брише со сув памук.
По плакнењето со вода се препорачува примена на Нормисон капки за уши со цел да се забрза сушењето и да се обнови природната киселост на кожата во надворешниот ушен канал.
Кога не би требало да се применува Церустоп спреј-маслото за омекнување ушна маст?
Предупредувања за безбедно користење
Церустоп спреј-маслото за омекнување ушна маст не е лек. Во случај на болка во увото или исклучително стврднат чеп на ушна маст треба да побарате совет од лекар!
Во ниеден случај не внесувајте никакви предмети (на пр. cтапчиња за уши со памук) во ушниот канал!
Шишето секогаш чувајте го добро затворено и вон дофат на деца!
Состојки
Каприлик/Каприк триглицерид, течен парафин, изостеарил изостеарат, бадемово масло, ПЕГ-40, Сорбитан Перолеат, БХА/БХТ и Витамин Е.
Аптека ЕРИКС препорачува: