Cardiopirin

125.00 ден

Краток опис на производот:

Cardiopirin 100 mg содржи ацетилсалицилна киселина, која има антитромботично дејство и ја намалува појавата на згрутчување на крвта. Фармацевтската форма е гастрорезистентна таблета со што се намалува можноста од несакани ефекти во гастро-интестиналниот тракт.

SKU: 5310001210007

Производител

Alkaloid Skopje Logo

Детален опис на производот и употреба:

Cardiopirin во мали дози ја инхибира агрегацијата на тромбоцитите кои се елементрани состојки на крвта и имаат значајна улога во нејзиното згрутчување. Во нормални физиолошки услови, тромбоцитите се слепуваат на местото на оштетувањето и формираат коагулум кој го спречува крвавењето.

Состав
acetylsalicylic acid 100 mg

Фармацевтска форма
гастрорезистентни таблети

Дејство
Кај кардиоваскуларните болести, во патолошки услови, тромбоцитите се натрупуват во стеснетите и оштетени артерии од атеросклероза, што доведува до формирање крвен коагулум. Тој го блокира понатамошниот проток на крв, со што се намалува доводот на кислород и на хранливи материи во околното ткиво, кое потоа почнува да изумира.

Индикации

  • Во тек и по инфаркт на миокардот;
  • Во тек и по мозочен удар;
  • За секундарна превенција кај пациенти со висок ризик
  • со ангина пекторис,
  • со акутен срцев удар,
  • за секундарна превенција по срцев удар,
  • по реваскуларизациски зафати на коронарните артерии,
  • за секундарна превенција по транзиторна исхемична атака и мозочен удар,
  • со периферна артериска болест;
  • За примарна превенција кај пациенти со низок ризик.
  • Асимптоматски пациенти со:
  • шеќерна болест тип 2,
  • добро регулирана хипертензија,
  • дебелина, пушење, хиперхолестеролемија, фамилијарна КВБ, физичка неактивност.

Пакување
Cardiopirin таблети – 30 таблети