Canesten раствор за кожа

310.00 ден

Краток опис на производот:

Canesten раствор за кожа – за третман на габични инфекции на кожата.

SKU: 8606007910025

Производител

Bayer logo

Детален опис на производот и употреба:

Canesten раствор за кожа – Canesten rastvor za koza (1% klotrimazol)

Канестен раствор се употребува за лекување на дерматомикози (габични инфекции на кожата) предизвикани од дерматофити, квасни габи, мувла и други габи (габични инфекции на стапалата и кожата меѓу прстите на нозете, габични инфекции на рацете, габични инфекции на кожата на телото и на кожните ингвинални набори, кожна кандидијаза) и еритразма.

Вообичаени симптоми на габични инфекции на кожата:

  • Црвен осип или плускавци
  • Чешање, пецкање или боцкање
  • Излупена, напукана или лушпеста кожа
  • Испукана, омекната или побелена кожа
  • Непријатен мирис

Како се користи?
Лекот треба да го употребувате како што е пропишано во Внатрешното упатство за пациентот (освен ако лекарот не одреди поинаку). Доколку не сте сигурни, Ве молиме советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт. Ако не се придржувате кон упатството, лекот нема да дејствува правилно.

На кожата нанесете тенок слој од Канестен растворот, 2-3 пати дневно и втријте го. Доволни се неколку капки за лекување на површина голема колку дланка.

За да се обезбеди целосно излекување во зависност од индикацијата, третманот треба да продолжи според индикациите, дури и ако симптомите исчезнат.

Пакување:
20 мл