Детален опис на производот:
CANABIGAL маст за реума и болки во мускулите и зглобовите 500mg CBD/50g
CANABIGAL (Канабигал) Маст 500mg CBD/50g лесно се впива во кожата и се употребува за:
- намалување на мускулните грчеви
- мускулната напнатост или вкочанетост
- за ублажување на воспалението и болката во мускулите, по напорен ден или различна физичка активност
Поседува вазодилататорно, благо анестетично, аналгетско, антисептично, експекторантно и антиинфламаторно дејство.
Нанесен на болното место на кожата има рубефациентно дејство кое проследено со слабото локално анестетично дејство, доведува до ублажување на болките во мускулите и зглобовите.
Масажата со CANABIGAL маст за реума и болки во мускулите и зглобовите 500mg CBD/50g ја намалува мускулната напнатост, вкочанетост и мускулните грчеви.
CANABIGAL Маст 500 mg CBD/50 g претставува комбинација од CBD, камфор и смеса од етерични масла од еукалиптус и пеперминт.
CBD (канабидиол) е едно од 104‐те хемиски соединенија познати како канабиноиди кои се наоѓаат во растението канабис (Cannabis Sativa L.).
За разлика од THC (главниот психоактивен канабиноид пронајден во канабисот), CBD не е психоактивен. Оваа предност го прави CBD како подостапен и повеќе баран од страна на потрошувачите. Тоа е така особено затоа што на природен начин делува позитивно во надминувањето на болката, на различни делови од телото.
Канабигал потекнува од индустриски сертифициран коноп, органски одгледуван и од проверено потекло, со цел да се обезбеди квалитетен и медицински богат CBD производ.