Bronles сируп
195.00 ден
Детален опис на производот и употреба:
Дејство
Bronles припаѓа во групата муколитици. Тој ја намалува лепливоста и густината на слузта, така што го олеснува нејзиното искашлување.
Состав
carbocisteine 250 mg / 5 ml
Фармацевска форма
перорален раствор
Индикации
- заболувања на респираторниот систем проследени со обилна и со вискозна слуз;
- воспаление на средното уво и на синусите;
- во дијагностички цели како средство за подготовка при бронхоскопија, бронхографија, бронхоаспирација итн.
Пакување
150 ml раствор
Употреба
За заболувања на респираторниот систем кои се проследени со обилна и вискозна слуз и за воспаление на средното уво и синусите. Во дијагностички цели како средство за подготовка при бронхоскопија, бронхографија, бронхоаспирација итн.
Дозирање
Почетна доза е 15 ml сируп 3 пати дневно, а по постигнување на ефектот дозата се намалува на 10 ml перорален раствор 3 пати дневно; деца од 2 до 5 години: 2,5 ml – 5 ml перорален раствор за деца 4 пати дневно;деца од 5 до 12 години: 10 ml перорален раствор за деца 3 пати дневно.