Becutan

Becutan содржи над 30 основни типови производи со над 50 различни форми пакувања, чии формулации се работени во блиска соработка со медицински експерти. Името настанува како синергија на два збора: BEBE + CUTIS (lat. површински слој на кожата). Сите производи се клинички и дерматолошки тестирани и се развиени во соработка со педијатри и со дерматолози. Изработени се од врвни суровини со потврден квалитет, кој соодветствува со европските директиви за квалитетен производ, наменет за нега на детската кожа.

Производствениот процес е подложен на постојана проверка на влезните материјали и на готовиот производ, и се одвива во согласност со GMP-стандардите (Good Manifacturing Practice), стандарди на добра производствена практика, највисоки во оваа индустрија. Носечки сегмент на портфолиото се производите наменети за нега и за заштита на бебешката и детска кожа со исклучително благи формулации, изработени според уникатни рецептури, сигурни за употреба уште од првиот ден по раѓањето.