BlokMAX Rapid таблети

165.00 ден

Краток опис на производот:

BlokMAX rapid се употребува за краткотрајна симптоматска терапија на лесна до умерена болка, како на пример: главоболка, забоболка, мускулна болка, болка во грбот и ревматска болка.

SKU: 5310001246136

Бренд

BlokMAX Logo

Производител

Alkaloid Skopje Logo

Детален опис на производот и употреба:

BlokMAX Rapid таблети
Состав
Ибупрофен лизин (ibuprofen lysine) 684 mg, што одговара на 400 mg ибупрофен (ibuprofen).

Фармацевтска форма
Филм-обложена таблета.

Дејство
BlokMAX Rapid таблети содржат ибупрофен лизин, сол на ибупрофен, којшто спаѓа во групата на нестероидни антиинфламаторни (противвоспалителни) лекови (НСАИЛ), со аналгетично (против болка), антипиретично (против покачена температура) и со антиинфламаторно (противвоспалително) дејствување.

Индикации
Блокмакс Рапид се употребува за краткотрајна симптоматска терапија на лесна до умерена болка, како на пример:

  • главоболка
  • забоболка
  • мускулна болка
  • болка во грбот и ревматска болка.

Пакување
Кутија со 10 филм-обложени таблети во блистер и со упатство за пациентот.