BlokMAX гел

260.00 ден

Краток опис на производот:

BlokMAX gel (ибупрофенот) се употребува како локална симптоматска терапија за ублажување на ревматски и мускулни болки, болки во грбот, болки и отекувања предизвикани од исчашувања, истегнувања и од спортски повреди, невралгија, болки при благи до умерени артритични состојби.

SKU: 5310001235888

Бренд

BlokMAX Logo

Производител

Alkaloid Skopje Logo

Детален опис на производот и употреба:

BlokMAX gel Состав
1 g БлокМакс гел содржи 50 mg ибупрофен

Фармацевтска форма
Гел

Дејство
BlokMAX gel како активна супстанца содржи ибупрофен, кој спаѓа во групата на нестероидни антиинфламаторни лекови (НСАИЛ). Ибупрофенот ја ублажува болката и ги намалува воспалението и отекувањето.

Индикации
BlokMAX гел се употребува како локална симптоматска терапија за ублажување на:

  • ревматски и мускулни болки
  • болки во грбот
  • болки и отекувања предизвикани од исчашувања, истегнувања и од спортски повреди
  • невралгија
  • болки при благи до умерени артритични состојби

Пакување
Картонската кутија содржи 1 туба со 50 g гел и упатство за пациентот.