Bisolvon сируп

470.00 ден

Краток опис на производот:

Bisolvon сирупот го олеснува искашлувањето со разградување на секретите во дишните патишта кај акутни и хронични заболувања на бронхиите и белите дробови.

SKU: 8606106862225

Производител

Hemofarm logo

Детален опис на производот и употреба:

Bisolvon сируп е муколитик (го раствара – разградува вискозниот секрет во дишните патишта кој се јавува при некои респираторни нарушувања).

Бисолвон сирупот се применува за растворање на секретот кај акутни и хронични болести на бронхиите и белите дробови.

Состав:
5 мл сируп содржи 4 мг бромхексин хидрохлорид.

Помошни состојки: течен малтитол, сукралоза, бензоева киселина, арома на цреша, арома на чоколадо, левоментол, пречистена вода.

  • Сирупот е наменет за деца над 2 години и возрасни

Употреба:

  • Деца од 2-6 години: 3 пати дневно по 5 мл
  • Деца од 6-14 години, како и пациенти со телесна маса под 50 кг: 3 пати дневно по 10 мл
  • Возрасни и деца над 14 години: 3 пати на ден по 10-20 мл

Не се употребува подолго од 4-5 дена без совет од лекар.