BIOTRINA gocce капки
1,210.00 ден
Краток опис на производот:
BIOTRINA gocce капки – Биотрина е граничен производ во форма на перорални капки со внимателно избалансирана формула. Капките Биотрина содржат лактоферин, витамин Б6 и витамин Б12.
Детален опис на производот и употреба:
BIOTRINA gocce капки е граничен производ во форма на перорални капки со внимателно избалансирана формула. Капките Биотрина® содржат лактоферин, витамин Б6 и витамин Б12.
Лактоферин е гликопротеин со силен афинитет за врзување на железо. Тој е од семејството на трансферин и има две места за врзување за железни јони (Fe3+). Доминантно се наоѓа во млекото и колострумот (првото млеко) кај цицачите, како и во секретните течности како што се плунката и солзите.
Лактоферинот е главен носител и резервоар на железо во хуманото млеко и преку него доенчињата го добиваат неопходното количество на железо неопходно за нивен раст и развој. Преку лактоферин мајката ја пренесува сопствената одбрана на имунолошкиот систем на своето дете што ќе го заштити во првите неколку месеци од животот
Како мултифункционален протеин освен што влијае на хомеостазата на железото тој има големо антимикробна, имуномодулаторно, антиифламаторно и антитуморско дејство.
- Антимикробната активност е во корелација со неговиот афинитет за Fe3+ и неговиот зголемен капацитет да се натпреварува против микроорганизмите зависни од железо, покрај неговото директно дејство на надворешната мембрана на бактериите.
- Имуномодулаторно дејство на лактоферинот се манифестира преку делување на Б-лимфоцитите (антитела), како и на Т-лимфоцитите, овозможувајќи нивна навремена и силна реакција на инфективниот агенс. Исто така, го зголемува бројот на NK-клетки, таканаречените клетки убијци, кои се одговорни за директно отстранување на патогените од телото. Кога е неопходно да се зајакне имунолошкиот одговор, како што е случајот со инфекциите, лактоферинот има способност да го активира целиот одбранбен систем. Спротивно на тоа, кога имунолошкиот систем е премногу активен, како во случај на алергиски и атопични реакции, лактоферинот има способност да го смирува имунолошкиот одговор.
- Антиинфламаторно дејство на лактоферинот е во тоа што има одлична способност да го намали производството на штетни цитокини и со тоа да ги смири воспалителните процеси.
- Денес, голем број клинички студии ја потврдуваат антитуморната активност на лактоферин. Од една страна, самиот лактоферин покажува силен биолошки ефект врз превенцијата на ракот, особено цврстите малигни тумори. Од друга страна, додавањето на лактоферин во постоечките хемотерапии ги подобрува нивните цитотоксични и антитуморни ефекти, истовремено обезбедувајќи заштита на здравите ткива.
Витамин Б6 придонесува за нормална функција на нервниот систем и за нормална психолошка функција; придонесува за нормален метаболизам на протеините и на гликогенот; придонесува за нормално создавање црвени крвни клетки и за нормална функција на имунолошкиот систем.
Витамин Б12 придонесува за нормално функционирање на нервниот систем, за нормална психолошка функција, како и за нормално функционирање на имунолошкиот систем; придонесува и за нормално создавање црвени крвни клетки.
Употреба:
- Биотрина® капките се наменети за перорална употреба (преку уста). Се препорачува да се зема 1 ml на ден, освен ако не е поинаку назначено од лекар.
- Капките Биотрина® се наменети за сите возрасти и можат да се користат од раѓање.
- Погодни се за повеќемесечна континуирана употреба.
Пакување:
20ml