Betadine раствор за гаргара

240.00 ден

Краток опис на производот:

Betadine rastvor се препорачува при рофилакса и терапија на инфекции во букофарингеалната празнина предизвикани од бактерии, вируси и габи (гингивитис, стоматитис, афти, инфицирани улцерации или херпетични улцерации), профилакса на инфекции при хируршки зафати на забите и на вилиците, отстранување на непријатната миризба од устата.

SKU: 5310001206802

Производител

Alkaloid Skopje Logo

Детален опис на производот и употреба:

Betadine раствор за уста – гаргара

СОСТАВ
povidone-iodine : 1 %

ФАРМАЦЕВТСКА ФОРМА
Раствор за гаргара

ДЕЈСТВО
Бетадине растворот за плакнење уста и грло како активен принцип содржи повидон-јод, комплексно соединение на поливинил пиролидонот и јод. Овој комплекс претставува јодофор, кадешто поливинил пиролидонот служи како пренесувач на јодот и ја овозможува неговата растворливост во вода. Во допир со слузокожата, јодот полека се ослободува од комплексот и дејствува како антисептик, односно дезинфициенс кон бактериите, вирусите, габите, протозоите и кон спорите. Бетадине растворот дејствува и како дезодоранс, отстранувајќи ја непријатната миризба од устата што може да потекнува од храна, алкохолни пијалаци, тутун и др.

ИНДИКАЦИИ

  • Профилакса и терапија на инфекции во букофарингеалната празнина предизвикани од бактерии, вируси и габи (гингивитис, стоматитис, афти, инфицирани улцерации или херпетични улцерации);
  • Профилакса на инфекции при хируршки зафати на забите и на вилиците;
  • Отстранување на непријатната миризба од устата.

ПАКУВАЊЕ
100 ml betadine rastvor