Betadine 10% раствор за кожа

230.00 ден

Краток опис на производот:

Betadine / Бетадин растворот се користи за дезинфекција и чистење рани на кожата.

SKU: 5310001207168

Производител

Alkaloid Skopje Logo

Детален опис на производот и употреба:

Состав
povidone-iodine: 10 %

Фармацевтска форма
раствор за кожа

Дејство
Betadine растворот за дезинфекција и чистење на кожата како активен принцип содржи повидон-јод, комплексно соединение на поливинил пиролидонот и јод. Овој комплекс претставува јодофор, каде што поливинил пиролидонот служи како пренесувач на јодот.

Во допир со кожата и слузокожата јодот полека се ослободува од комплексот и пројавува силно дејство кон бактериите, вирусите, габите, протозоите и кон спорите. Дејството настапува непосредно по примената и трае подолго во однос на другите препарати на јод.

Betadine / Бетадин индикации

  • Подготовка (дезинфекција) на кожата и на слузокожата (вклучувајќи ја и вагиналната слузокожа) за хируршки интервенции, инјекции и аспирации;
  • Дезинфекција на рани, спречување инфекции при изгореници, инцизии и при други локални лезии;
  • Лекување инфицирани хируршки инцизии,
  • инфицирани трауматски лезии,
  • третман на лацерации и на абразии,
  • инфицирани декубитални или застојни улцери,
  • пиодермии
  • секундарно инфицирани дерматози и изгореници од втор и од трет степен.

Пакување
100ml раствор