Belmiran DAN таблети
250.00 ден
250.00 ден
Детален опис на производот:
BELMIRAN ® DAN филм-обложените таблети содржат:
350 mg сув екстракт од зелена пасифлора (Passiflorae incarnatae herbae extractum siccum).
БЕЛМИРАН® ДАН е хербален производ за ублажување на нерасположение, психичка напнатост и пренадразливост. Забрзаното темпо на живот, секојдневниот стрес и притисокот на кој современиот човек е изложен може да предизвика чувство на психолошка напнатост, загриженост, страв со резултирање на состојби на немир и раздразливост.
Флавоноидите, главната активна компонента на екстрактот од пасифлора, се одговорни за смирувачкиот и релаксирачки ефект. Концентрацијата на активната компонента е прилагодена за постигнување на благо смирувачко или хармонизирано деjство врз психата и не предизвикува поспаност во текот на денот.
БЕЛМИРАН® ДАН може да се применува:
Што треба да знаете пред да го употребите БЕЛМИРАН® ДАН
БЕЛМИРАН® ДАН не смее да се употребува ако сте преосетливи (алергични) на passiflora или на некои други состојки од овој производ.
Употреба на БЕЛМИРАН® ДАН со други лекови, храна или пијалоци
За време на терапијата со БЕЛМИРАН® ДАН таблети не употребувајте лекови за смирување, алкохол или алкохолни пијалаци.
Како да се употребува БЕЛМИРАН® ДАН:
Возрасни лица постари од 18 години:
Земете една таблета БЕЛМИРАН® ДАН 2-3 пати дневно со многу течности.
Таблетите земајте ги по потреба.
Препорачаната дневна доза не треба да биде надмината.
Лица под 18 години не смеат да земаат БЕЛМИРАН® ДАН.
Бременост и доење
Советувајте се со Вашиот доктор или фармацевт пред да земете било каков лек!
Бремени жени и доилки не треба да земаат БЕЛМИРАН® ДАН.
Аптека ЕРИКС препорачува: