Becutan KIDS VITS Мултиомега-3 сируп

750.00 ден

Краток опис на производот:

Becutan KIDS VITS Multi Omega 3 сирупот е наменет за да ја збогати детската исхрана со омега-3 масни киселини и есенцијални витамини и минерали кои што го поддржуваат интелектуалниот развој на децата.

SKU: 5310001255084

Бренд

Becutan Logo

Производител

Alkaloid Skopje Logo

Детален опис на производот и употреба:

Becutan KIDS VITS Мултиомега-3

Состав
Производот содржи комбинација на рибини масла богати со омега-3 масни киселини (DHA и EPA), витамини и минерали (витамин Б1, витамин Б2, витамин Б6, витамин Б12, биотин, фолна киселина, нијацин, пантотенска киселина, витамин Д, витамин К, цинк, јод).

Фармацевтска форма
Сируп.

Дејство<
Намената на сирупот Becutan KIDS VITS Мултиомега-3 е да ја збогати детската исхрана со омега-3 масни киселини и со есенцијални витамини и минерали коишто го поддржуваат интелектуалниот развој на децата.

  • ДХА (докозахексаноична киселина) придонесува за одржување нормална мозочна функција.
  • Цинкот и јодот придонесуваат за нормална когнитивна функција.
  • Јодот, витаминот Б1, витаминот Б2, витаминот Б3, витаминот Б6, витаминот Б12 и биотинот придонесуваат за нормална функција на нервниот систем.
  • Витаминот Б2, витаминот Б3, витаминот Б12, фолната киселина и пантотенската киселина придонесуваат за намалување на заморот и на исцрпеноста.
  • ДХА, витаминот Б2 и цинкот придонесуваат за одржување нормален вид.

Употреба
Производот е наменет за перорална употреба.

Препорачана дневна доза:

  • Деца од 1 до 3 години: 1 кафена лажичка (5 ml).
  • Деца над 4 години: 2 кафени лажички (10 ml).
  • Да се протресе пред употреба.
  • По отворањето сирупот Becutan KIDS VITS Мултиомега-3 треба да се чува во фрижидер.
  • Да се употреби во рок од 60 дена по првото отворање.

Пакување
Картонската кутија содржи шише од 250 ml, упатство за употреба и лажичка за одмерување.