Becutan KIDS VITS B – Complex сируп

270.00 ден

Краток опис на производот:

Сирупот Becutan KIDS VITS Б-комплекс е дизајниран како поткрепа на разновидната исхрана кај децата. Помага за нормално искористување на енергијата во организмот и за намалување на заморот и на исцрпеноста.

SKU: 5310001255091

Бренд

Becutan Logo

Производител

Alkaloid Skopje Logo

Детален опис на производот и употреба:

Becutan KIDS VITS B – Complex сируп

СОСТАВ
Производот содржи комбинација на 7 витамини од групата Б-комплекс (витамин Б1, витамин Б2, витамин Б3, витамин Б6, витамин Б12, пантотенска киселина и биотин).

Фармацевтска форма
Сируп.

Дејство
Сирупот Becutan KIDS VITS Б-комплекс е дизајниран како поткрепа на разновидната исхрана кај децата. Помага за нормално искористување на енергијата во организмот и за намалување на заморот и на исцрпеноста.

  • Витаминот Б1 придонесува за нормално функционирање на нервниот систем, нормална психолошка функција и за нормална функција на срцето.
  • Витаминот Б2 придонесува за нормална функција на нервниот систем, како и за заштита на клетките од оксидативен стрес.
  • Нијацинот придонесува за нормално функционирање на нервниот систем и за нормална психолошка функција.
  • Витаминот Б6 придонесува за нормална функција на нервниот систем и за нормална психолошка функција; придонесува за нормален метаболизам на протеините и на гликогенот; придонесува за нормално создавање црвени крвни клетки и за нормална функција на имунолошкиот систем.
  • Витаминот Б12 придонесува за нормално функционирање на нервниот систем, за нормална психолошка функција, како и за нормално функционирање на имунолошкиот систем; придонесува и за нормално создавање црвени крвни клетки.
  • Пантотенската киселина придонесува за нормална ментална функција.
  • Биотинот придонесува за нормално функционирање на нервниот систем, за нормален метаболизам на макронутриентите, како и за нормална психолошка функција; придонесува за одржување нормална коса, кожа и мукозни мембрани.

Употреба
Производот е наменет за перорална употреба.

Препорачана дневна доза

  • Деца од 1 до 3 години: ½ кафена лажичка (2,5 ml).
  • Деца над 4 години: 1 кафена лажичка (5 ml).
  • Сирупот Becutan KIDS VITS Б-комплекс се зема по оброк.
  • По потреба може да се раствори во вода или во овошен сок.
  • Да се протресе пред употреба.

Пакување
Картонската кутија содржи шише од 100 ml, упатство за употреба и лажичка за полесно одмерување.