Bactoblis пастили
820.00 ден
Краток опис на производот:
Bactoblis пастили – Современ пристап за терапија на уво, нос и грло! Орален пробиотик за превенција на воспаление на грлото и крајниците.
Детален опис на производот:
Bactoblis пастили е перорален пробиотик, додаток на исхраната. Содржи млечнокиселински бактерии (бактерии на млечната киселина) и витамин Д3.
Состав:
Активни состојки: Во препорачана дневна доза (1 пастила)
Streptococcus salivarius K12 Не помалку од 1 x 109 CFU
Витамин D3 (холекалциферол) 5 мкг
*NRV = референтна хранлива вредност за возрасни (Reg EU No 1169/2011)
Останати состојки:
фруктоза, малтодекстрин, силициум диоксид, магнезиум стеарат (растителен), арома јагода. Содржи протеини од млеко во трагови.
Дозирање:
Возрасни и деца над 3 години, една пастила дневно навечер, пред спиење, по миење заби. Постепено да се раствори пастилата во уста додека не се растопи. Не треба да се џвака. Не треба да се пие или да се зема било што по примената.
Предупредување:
Примена на додатоци во исхраната во форма на пастили не се препорачува кај деца помали од 3 години. Препорачаната дневна доза не смее да се надмине. Додатокот на исхрана не е замена за балансирана исхрана. Не употребувајте во случај на примарна или јатрогена имуносупресија. Да не се употребува во случај на позната преосетливост на компонентите (на пример преосетливост на млеко). Во случај на несакани реакции, престанете со употреба на додатокот на исхрана и обратете се кај својот лекар. За време на бременост и доење, земајте го овој додаток на исхрана само под лекарски надзор.
Услови на чување:
Да се чува на суво место, на температура под 25°С. Да се чува надвор од дофат и видокруг на деца! Рок на траење е 2 години.
Пакување:
16 пастили.
Аптека ЕРИКС препорачува: