BabyVit капки

990.00 ден

Краток опис на производот:

HealthAid Baby Vit капките се специјално формулирани капки кои имаат за цел да им ги обезбедат на вашите деца сите материи кои се неопходни за нивен здрав и правилен раст и развој.

SKU: 5019781014507

Производител

HealthAid Logo

Детален опис на производот и употреба:

HealthAid Baby Vit – За да пораснат здрави и силни, освен избалансирана исхрана, на бебињата им е потребен широк спектар на витамини и минерали.  Baby Vit од Health Aid се специјално формулирани капки кои имаат за цел да им ги обезбедат на вашите деца сите материи кои се неопходни за нивен здрав и правилен раст и развој.

BabyVit капките содржат:

  • Витaмин А – го стимулира и одржува имунитетот, учествува во правилниот развој на коските, го стимулира лачењето на хормонот на раст
  • Витамин Д –овозможува ресорпција и депонирање на калциумот во коските а со тоа овозможува истите да бидат здрави и цврсти.
  • Витамин Ц – го подобрува имунитетот, штити од вирусни инфекции, стимулира синтеза на колаген и помага во заздравување на рани.
  • Витамин Е – претставува моќен антиоксидант и ја штити клетката од слободни радикали, воедно го подобрува и метаболизмот.
  • Тиамин (Б1) – го одржува здравјето на нервите и ја потпомага нивната регенерација.
  • Рибофлавин (Б2) – го потпомага метаболизмот на јаглехидратите, мастите и протеините со цел ослободување енергија.
  • Никотинамид (Б3) – заедно со Б1 и Б2 го потпомага метаболизмот на јагленитехидрати.
  • Витамин Б6 – помага да се преработат амино-киселините, потребен е да се создаде серотонинот, мелатонинот и допаминот, помага во создавање на неуротрансмитерите па поради тоа помага во регулирање на умствените процеси.

Состав во 1ml: 

  • Vitamin A (1000iu) 300μg
  • Vitamin D (400iu) 10μg
  • Vitamin E (5iu) 5mg
  • Vitamin C 50mg
  • Thiamine (Vit B1) 1.07mg
  • Riboflavin (Vit B2) 0.4mg
  • Nicotinamide 8mg
  • Vitamin B6 (Pyridoxine HCl) 0,4mg
  • Vitamin B12 2μg
  • Folic Acid 55μg
  • Glycerine BP 700mg
  • Бебињата и малите деца кои не добиваат доволно хранливи материи поради нивниот начин на исхрана
  • Бебињата и малите деца со недостаток на енергија поради лошото спиење и вознемиреност
  • Бебињата и малите деца кои имаат потешкотии со голтање таблети
  • Бебињата и малите деца кои примаат лекарства или кои заздравуваат од болести
  • Бебињата и малите деца кои имаат потреба од помош со ментална стимулација, фокусирање и концентрација

Секојдневното земање на Baby Vit капките како додаток на исхраната, овозможува подобар имунитет и ја зголемува отпорноста на детето од вирусни и бактериски инфекции, обезбедува сила, енергија, како и подобар ментален развој.

Дозирање и начин на употреба:

  • Baby Vit Капки се земаат со храна. Добро протресете пред употреба.
  • Доенчиња 0 до 4 месеци: ½ мл (приближно 12 капки); 4 до 12 месеци: 1 ml (приближно 25 капки)
  • Над 12 месеци до 4 години: 1-2ml (приближно 50 капки).
  • Не го надминувајте препорачаниот дневен внес, освен ако не е препорачан од соодветно квалификувано лице.
  • Додатоци во исхраната не треба да се користат како замена за разновидна исхрана