Babytol Coli капки
920.00 ден
Краток опис на производот:
Babytol Coli капки против грчеви за новороденчиња со лактаза и култура на корисни микроорганизми
Детален опис на производот:
Babytol Coli капки против грчеви.
Состав:
- Активни состојки во вијала со лактаза:
Состав активни компоненти 1 доза (5 капки)
- Ензим лактаза (65.000 ALU/g)
Состојки:
Триглицериди со среден ланец од кокосово масло, ензим лактаза.
- Активни состојки во вијала со култура на корисни микроорганзими:
Состав активни компоненти 1 доза (5 капки)
- Култура на корисни микроорганизми Lactobacillus reuteri 17×106 CFU
Состојки:
Триглицериди со среден ланец од кокосово масло, култура на корисни микроорганизми Lactobacillus reuteri.
Употреба:
Новороденчиња и доенчиња: капките се додаваат во мајчиното млеко или млечната формула, секој пат пред хранење на новороденчето/бебето и можат да се користат од првиот ден на раѓање или по препорака на педијатар.
- Кај доење: во претходно стерилизирана лажица, одмерете со капалката по 5 капки од двете вијали, дајте му на бебето да ги испие и потоа продолжете со доењето. Повторете ја постапката пред секој подој/оброк.
- Кај млечни формули: во претходно подготвена млечна формула на соодветна температура за исхрана на детето, во шишето со формулата додајте 5 капки од двете вијали, одмерени со капалката, и дајте му на бебето да го испие. Не додавајте во млечна формула која е жешка или ладна, туку на онаа температура која е соодветна за хранење на детето. Повторете ја постапката пред секој оброк. Приготвената формула која детето нема да ја испие не ја употребувајте подоцна туку задолжително фрлете ја.
Предупредување:
Препорачаната дневна доза не смее да се прекорачува. Производот не е наменет за новороденчиња кои се преосетливи на било која состојка од производот.
Доколку бебето користи антибиотик, производот да се дава 2 саати пред или 2 саати после давањето на антибиотик.
Капки за орална употреба кои содржат култури на добри бактерии – Lactobacillus reuteri и ензим лактаза, којшто се додаваат во мајчиното млеко или млечната формула, и се наменети за дигестивниот тракт кај доенчиња и новороденчиња уште од самото раѓање.
Пакување:
2 шишенца по 10 ml
Аптека ЕРИКС препорачува: