Aqua Maris Plus спреј за нос
245.00 ден
245.00 ден
Детален опис на производот:
Состав
морска вода, д-пантенол, прочистена вода, натриум хидрогенфосфат додекахидрат, калиум дихидрогенфосфат.
Без конзерванси
Олигоелементите присутни во растворот имаат важна улога во одржување на нормална функција на слузницата на носот што овозможува проодност на горните дишни патишта.
Намена
Морската вода поради содржината на минерални соли има благотворно дејство на слузницата на горните дишни патишта. Со влегување во клетките д-пантенолот се претвора во пантотенска киселина која влегува во состав на коензимот А и доведува до побрзо обновување на кожата и слузницата. Морската вода во комбинација со д-пантенол ја регенерира оштетената носна слузница, ја снабдува со важни олигоелементи и го спречува нејзиното исушување.
Кога и како се користи Aqua Maris® Plus спрејот за нос?
Aqua Maris® Plus спрејот за нос се препорачува кај лица:
На пушачите и лица кои одлучиле да престанат со пушењето им препорачуваме Aqua Maris® Plus за регенерација на оштетената слузница.
Распрскајте Aqua Maris® Plus cnpej за нос 1-2 пати во секоја носница, повеќе пати на ден.
Пред првото користење отстранете го заштитното капаче и притиснете ја пумпицата 2 до 3 пати како би се ослободил воздухот. Поради хигиенски причини секој производ би требало да го користи само едно лице.
Бидејќи Aqua Maris® Plus ja поддржува физиолошката состојба на слузницата и нема системски дејства, прикладен е за деца и возрасни. Исто така можат да го користат и трудници и доилки, како и постари лица. Лица кои се алергични на д-пантенол не би требало да го користат овој производ.
Aqua Maris® разбудете ги сетилата.
Аптека ЕРИКС препорачува: