Aqua Maris Classic Спреј за нос

225.00 ден

Краток опис на производот:

Aqua Maris Classic Спреј за нос – Прочистена, изотонична морска вода од Јадранско море со природни минерали наменета за секојдневна хигиена на носот кај деца, возрасни, бремени жени и доилки.

SKU: 3856013234683

Производител

Jadran galenska laboratorija logo

Детален опис на производот и употреба:

Aqua Maris Classic Спреј за нос

Состав
Растворот содржи морска вода од Јадранско море богата со соли и олигоелементи. Олигоелементите присутни во растворот имаат важна улога во одржување на нормална функција на слузницата на носот што овозможува проодност на горните дишни патишта.

Без  конзерванси.

Намена
Функционирањето на носната слузница и нормалното дишење зависи од навлаженоста на слузницата. Aqua Maris® Classic навлажнува и ја чисти слузницата на носот, истовремено и ја обновува на слузницата на носот.

Производите Aqua Maris® се базираат на природна вода од Јадранско море и содржат широк спектар на вредни минерали и микроелементи.

  • Калциумот (Ca) и магнезиумот (Mg) ги подобруваат метаболичките процеси со активирање на подвижноста на цилијарните клетки. Тие и помагаат на носната слузница во самочистење и на тој начин спречуваат акумулација на потенцијално штетни бактерии и вируси.
  • Цинкот (Zn) и селенот (Se) го стимулираат локалниот имунитет на грлото и параназалните синуси.
  • Јодот (I) и натриум-хлорид (NaCl) активираат производство на заштитна назална слуз и ја зголемуваат влажноста на вдишениот воздух.

Го влажи и штити носот

Ја навлажнува и штити слузницата на носот, ја одржува нејзината физиолошка состојба и ја храни со корисни микроелементи.

Ги измива вирусите и бактериите

Со своите благотворни својства ги елиминира вирусите, бактериите, честичките прашина…

Морска вода за забава без настинка и грип

Единствениот состав на минерали и микроелементи од јадранската морска вода на едноставен и делотворен начин го зајакнува локалниот имунитет и ја зголемува отпорноста на организмот.

Кога и како да се користи Aqua Maris® Classic спреј за нос?

  • 3а одржување на секојдневна хигиена на носот се распрскува 1 до 2 пати во секоја носница. Постапката може да се повторува повеќе пати дневно во тек на подолг период.
  • Кај сув и надразнет нос предизвикан од престој во изменети микроклиматски услови, како што е поизразена сувост на воздухот (климатизирани простории) или онечистување на воздухот, при брзи промени на температурата и квалитетот на воздухот ( на пример при патување), да се распрсне Aqua Maris® Classic спреј за нос 3 до 4 пати во секоја носница, по потреба.

Како се користи Aqua Maris® Classic

  • Деца од 1-2 години: 1-2 дози 1-3 пати на ден во секоја носница.
  • Деца од 3-6 godina: 2 дози 2 пати на ден во секоја носница.
  • Возрасни: 2-3 дози 3-6 пати на ден во секоја носница.

Бидејќи Aqua Maris® Classic ja поддржува физиолошката состојба на слузницата и нема системски ефекти, погоден е за деца, трудници и доилки. Поради својата нежност погоден е за секојдневна употреба.

Aqua Maris® Classic е изотоничен раствор на морска вода во дозиран спреј кој овозможува рамномерно локално влажнење на слузницата на носот. Aqua Maris® ја збогатува слузницата со минерали и микроелементи од Јадранско море кои имаат стимулативно дејство и го поттикнуваат природниот имунитет, ги измива бактериите и вирусите.

Зошто треба да користиме Aqua Maris® за превенција на настинка и грип?

  • Ја влажни слузницата на носот и ја одржува нејзината физиолошка состојба.
  • Ги елимимира вирусите, бактериите, честичките прашина…
  • Ја храни слузницата со корисни микроелементи.
  • Го зајакнува локалниот имунитет: ја зголемува отпорноста на вируси и бактерии.

Сите овие корисни својства се можни поради присуството на единствени минерали и микроелементи од јадранската морска вода.

Индикации за употреба на производите Aqua Maris®:
Пред и по, како и во тек на посета на јавни места (детски градинки, училишта, канцеларии, поликлиники, јавен превоз…).

Пред и по контакт со пациенти болни од вирусни забоувања.