Aqua Maris Baby Капки за нос
135.00 ден
135.00 ден
Детален опис на производот:
Aqua Maris Baby Капки за нос
Состав
Растворот содржи морска вода од Јадранско Море, богата со соли и олигоелементи. Олигоелементите присутни во растворот имаат важна улога во одржувањето на нормалната функција на слузницата на носот што овозможува проодност на горните дишни патишта. Без конзерванси.
Намена
Дишењето преку носот е единствениот правилен начин на дишење и истото е важно за растот и развојот на детето, па поради тоа на хигиената на носот треба да се внимава уште од раѓање. Сув нос, насобрана нечистотија, секрет или отечена слузница ќе спречат поминување на воздух низ носот и ќе предизвикаат немир кај детето, плачливост и раздразнетост, но и ќе му го нарушат мирниот сон и исхраната. Затнатиот нос во тек на настинка или алергија може да се одрази и на здравјето на останатите дишни патишта и ушите. Морската вода благопријатно делува на слузницата на носот, потпомагајќи ги природните механизми за нејзино чистење.
Кога и како да се користат Aqua Maris® Бебе капките за нос?
Aqua Maris® Бебе капките за нос го чистат и навлажнуваат носето со истовремено обновување на слузницата.
Aqua Maris® Бебе капките се препорачуваат:
Во лежечка положба да се капне по 1 капка во секоја носница. Постапката може да се повтори неколку пати на ден и во текот на подолг период.
За омекнување и отстранување на поголеми количини на нечистотија и секрет од носната шуплина, Aqua Maris® Бебе капките за нос треба обилно да се накапат во секоја носница. Постапката може да се повторува се додека содржината не омекне доволно за да може лесно да се отстрани од носот.
Бидејќи Aqua Maris® Бебе капките за нос ја поддржуваат физиолошката состојба на слузницата и немаат систематско делување прикладни се за секојдневна употреба уште од првиот ден на животот. Поради хигиенски причини секој производ би требало да го користи само едно лице.
Рок на траење
Наведен е на пакувањето. Содржината на шишенцето да се искористи во рок од 3 дена по првото отворање.
Аптека ЕРИКС препорачува: