Angi Sept пастили
200.00 ден
200.00 ден
Детален опис на производот:
Angi Sept пастили При болки и дразнење во грлото
Што е болка во грлото?
Болката во грлото е еден од симптомите на настинката или на грипот. Симптомите на настинката и грипот некогаш се исти, но кај грипот секогаш се со посилен интензитет и подолготрајни. Покрај болката во грлото, вообичаени симптоми се: шмркање, затнат нос, кивање, кашлање, умор, малаксаност и најчесто покачена температура како последица од вирус или бактерија, како и на заслабениот имунолошки систем.
Како се манифестира болката во грлото?
Болката во грлото се манифестира со црвенило, односно со воспаление на слузницата на грлото, боцкање, пецкање и болка. Во многу случаи таа е пропратена и со отежнато голтање. Што треба да се преземе во случај на болка во грлото? Кај надразнетото грло, усната празнина и гингивата, важно е да се реагира веднаш. Потребно е да се консумираат многу течности во облик на растителни чаеви или топли напитоци, а потребен е и одмор. Доколку имате симптоми на настинка или грип не мора веднаш да се јавите на лекар, ако сте инаку здрави. Симптомите обично траат неколку дена, најдолго една недела. Во секој случај избегнувајте да употребувате антибиотици. Пократкиот пат до оздравувањето со употреба на јаки лекови носи брзи резултати, но ги ослабува одбранбените сили на организмот.
Достапни во пет вкуса:
Што претставуваатД-р Тајс Анги Септ пастилите и за што се употребуваат?
Д-р Тајс Анги Септ пастилите претставуваат комбиниран локален антисептик и терапевтско средство за грлото и усната шуплина. Тие поседуваат антимикробно, антисептично, антиинфламаторно и дезинфициентно дејство.
Наменети се за ублажување на симптомите на инфекции на грлото и усната шуплина и ублажување на придружната назална конгестија. Се препорачува употреба при потреба од превенција од бактериска инфекција при настинка.
Д-р Тајс Анги Септ се употребуваат за превенција и третман на инфламаторни и инфективни болести на фарингсот и ларингсот како што се:
Што содржат Д-р Тајс Анги Септ пастилите?
1 пастила (2,5g) содржи:
aктивни супстанции:
Како се употребуваат Анги Септ пастилите?
Перорална употреба.
Возрасни и деца постари од 6 години: една пастила на секои 2-3 часа полека да се растопи во устата. Не повеќе од 6 пастили на ден.
Аптека ЕРИКС препорачува: