Analgin таблети

75.00 ден

Краток опис на производот:

Analgin таблети се препорачува при акутни силни болки по повреди или по операции; стомачна болки во форма на колики (спазми); болки кај малигни заболувања; фебрилни состојби, посебно доколку не реагираат на терапија со други лекови. Аналгинот ја смирува болката и ја намалува покачената телесна температура.

SKU: 5310001268008

Производител

Alkaloid Skopje Logo

Детален опис на производот и употреба:

ЗА ШТО СЕ КОРИСТИ АНАЛГИН

  • Aкутни силни болки по повреди или по операции;
  • стомачна болки во форма на колики (спазми);
  • болки кај малигни заболувања; фебрилни состојби, посебно доколку не реагираат на терапија со други лекови.
  • Аналгинот ја смирува болката и ја намалува покачената телесна температура.

СОСТАВ
Metamizole sodium monohydrate 500 mg

ФАРМАЦЕВТСКА ФОРМА
Таблета

ДЕЈСТВО
Аналгин – Метамизолот е пиразолонски дериват од групата ненаркотични аналгетици. Поседува аналгетично, антипиретично, антиинфламаторно и спазмолитично дејство. Ефектите на метамизол се остваруваат преку централни и периферни механизми. Централното дејство е резултат на потиснувањето на чувството за болка во централниот нервен систем и инхибирање на циклооксигеназата во мозокот. На периферијата, метамизолот ја инхибира синтезата на простагландините кои ги стимулираат ноцицепторите и предизвикуваат болка.

ПАКУВАЊЕ
Analgin таблети – 10 таблети