Alomax 5% спреј

780.00 ден

Краток опис на производот:

Alomax 5% спреј – со нанесување во влакната на главата (minoxidil 5%) го поттикнува растот на косата кај лица на кои им е опаднала косата заради недостаток на андрогени хормони, ја подобрува циркулацијата на главата и доставувањето на хранливи состојки и на тој начин повторно ги оживува фоликулите на влакната.

SKU: 3850343044677

Детален опис на производот и употреба:

Alomax 5% спреј – третман против опаѓање на косата. (minoxidil 5%)

Миноксидил е лек кој ги шири крвните садови со директно дејство врз нивната мазна мускулатура. Со нанесување во влакната на главата го потикнува растот на косата кај лица на кои им е опаднала косата поради недостаток на андрогени хормони, ја подобрува циркулацијата на главата и доставувањето на хранливи состојки и на тој начин повторно ги оживува фоликулите на влакната.

Растот на косата обично се јавува после околу 4 месеци, но зависи од индивидуа до индивидуа. После нанесување на косата само мала количина миноксидил се ресорбира во систематската циркулација. Ресорбираниот миноксидил во црниот дроб се претвора во метаболити кои имаат послабо фармаколошко дејство.

Немојте да го употребувате Alomax ако:

  • Ако сте алергични на активната супстанција или било која од помошните состојки
  • Заболувања на кожата на главата вклучувајки псоријаза или опекотини од сонце
  • Ако имате феохромоцитом
  • Ако имате висок крвен притисок без разлика дали примате лекови за негово лекување
  • Ако истовремено примате некој друг лек за локална примена на површината на скалпот

Посебно информирајте го вашиот доктор ако истовремено земате некој од следните лекови:

  • Лекови кои се нанесуваат на кожата, а содржат кортикостероиди,третиноин, дитранол или вазелин бидејќи тие може да ја зголемат ресорпцијата на миноксидил (minoxidil).
  • Гванетидин

Не се препорачува примена на Аломакс лосион за време на бременост или доење иако нема докази за несакани ефекти предизвикани со миноксидил за време на бременост

Употреба на Аломакс лосион
Аломакс лосион треба да го применувате исклучиво надворешно.