Alkavit фолна киселина таблети

115.00 ден

Краток опис на производот:

Alkavit фолна киселина е индицирана за превенција при појава на дефекти на невралната цевка, вклучувајќи и спина бифида, во развојот на фетусот.

SKU: 5310001205225

Производител

Alkaloid Skopje Logo

Детален опис на производот и употреба:

Alkavit СОСТАВ
folic acid 0,4 mg

ФАРМАЦЕВТСКА ФОРМА
филм-обложени таблети

ДЕЈСТВО

  • Alkavit фолна киселина 0.4mg –  фолната киселина е неопходна за синтеза на нуклеопротеините и за хематопоеза. По ресорпцијата, фолната киселина брзо се редуцира на позициите 5, 6, 7 и 8 во својот активен метаболит-тетрахидрофолна киселина (фолинска киселина).
  • Тетрахидрофолната киселина претставува коензим за различни метаболни процеси како што се: синтеза на пуринските и пиримидинските нуклеотиди, односно синтеза на DNK, конверзија на некои аминокиселини (претворање на хомоцистеин во метионин, претворање на серин во глицин) и синтеза на тимидилат.

ИНДИКАЦИИ
Фолната киселина е индицирана за превенција при појава на дефекти на невралната цевка, вклучувајќи и спина бифида, во развојот на фетусот.

ПАКУВАЊЕ
30 таблети