ADOLOR FORTE таблети
170.00 ден
170.00 ден
Детален опис на производот:
ADOLOR FORTE таблети 1000mg / Адолор Форте е производ кој ја ублажува болката (аналгетик) и ја намалува покачената телесна температура (антипиретик).
АДОЛОР® ФОРТЕ се употребува за третман на:
Симптоматски третман на блага до умерена болка од различно потекло, како главоболка, мигрена, забоболка, менструални болки, ревматски болки, постопертативни боли и/или при покачена телесна температура.
Наменети се за употреба кај возрасни и адолесценти на возраст од 16 години (телесна тежина поголема од 50 kg).
АДОЛОР® ФОРТЕ може да го земате со или без храна.
Важно при користење ADOLOR FORTE 1000mg: Доколку болката трае подолго од 5 дена или покачената температура трае повеќе од 3 дена, потребно е да се консултирате со Вашиот лекар.
Содржина:
1 таблета содржи 1000 mg парацетамол
Пакување:
10 таблети.
Аптека ЕРИКС препорачува: