Adolor Cold таблети
210.00 ден
Краток опис на производот:
Adolor Cold ги ублажува симптомите на настинка и грип (секреција или затнат нос, сува надразнителна кашлица), ги намалува болките (главоболка, мускулни болки, болки во зглобовите) и ја намалува температурата.
Нема на залиха
ИЗВЕСТУВАЊЕ: За жал овој производ го немаме на залиха, една од причините е неможноста да биде нарачан од сите релевантни веледрогерии во Македонија. Погледнете што препорачува аптека ЕРИКС како замена и/или поврзани/слични производи.
За повеќе информаци околу достапноста ве молиме контактирајте со нас.
Детален опис на производот и употреба:
Карактеристики на Adolor Cold таблети
- Paracetamol, pseudoephedrine, dextromethorfan
- Филм-обложени таблети 500 mg+30 mg+15 mg
- ATC N02B E51
- Се издава без рецепт
ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ
- Ги ублажува симптомите на настинка и грип (секреција или затнат нос, сува надразнителна кашлица)
- Ги намалува болките (главоболка, мускулни болки, болки во зглобовите)
- Ја намалува температурата,
ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА
Возрасни и деца над 12 годишна возраст
- 1 филм-обложена таблета, 4 пати на ден
- Може да се земат и 2 филм-обложени таблети наеднаш доколку има потреба
- Интервалот помеѓу одделните дози треба да биде најмалку 4 часа
- Максимална дневна доза е 8 филм-обложени таблети
СОСТАВ
1 филм-обложена таблета содржи 500 mg парацетамол, 30 mg псеудоефедрин хидрохлорид и 15 mg декстрометорфан хидробромид.
ПАКУВАЊЕ
Кутија со 20 филм-обложени таблети во блистер пакување.