Acerola 500mg таблети

390.00 ден

Краток опис на производот:

Таблетите Acerola Alkaloid 500mg се користат при состојби во коишто е зголемена потребата за витамин Ц.

SKU: 5310001242909

Производител

Alkaloid Skopje Logo

Детален опис на производот и употреба:

Состав
Една таблета Acerola Alkaloid содржи 500 mg природен витамин Ц добиен од ацерола, цреша од Барбадос.

Фармацевтска форма
Таблети за џвакање.

Дејство
Ацерола Алкалоид е диететски додаток во секојдневната исхрана. Витаминот Ц е есенцијален витамин којшто е растворлив во вода.

  • Витаминот Ц придонесува за одржување на нормалната функција на имунолошкиот систем во текот на интензивни физички вежби и по нив
  • Витаминот Ц придонесува за нормално создавање колаген, при што се овозможува нормално функционирање на крвните садови, кожата, коските, ’рскавицата, забите и на непцата
  • Тој придонесува за нормален метаболизам за создавање енергија
  • придонесува за нормално функционирање на нервниот систем и за нормално психолошко функционирање
  • Витаминот Ц придонесува за намалување на заморот и на исцрпеноста
  • Витаминот Ц придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес
  • Витаминот Ц ја зголемува апсорпцијата на железо

Употреба
Таблетите Ацерола Алкалоид се користат при состојби во коишто е зголемена потребата за витамин Ц.

Возрасни:
1 таблета на ден.

Пакување
Таблетите Ацерола Алкалоид се спакувани во блистери (OPA/ALU/PVC).
Секој блистер содржи 6 таблети за џвакање.
Картонската кутија содржи 30 таблети за џвакање (5 блистери) и упатство за употреба.