Acerola 40mg за деца

310.00 ден

Краток опис на производот:

Acerola за деца е диететски додаток во секојдневната исхрана и се користат при состојби во коишто е зголемена потребата за витамин Ц.

SKU: 5310001245269

Производител

Alkaloid Skopje Logo

Детален опис на производот и употреба:

Acerola 40mg за деца состав
Една таблета содржи 40 mg природен витамин Ц (во форма на прашок од ацерола).

Фармацевтска форма
Таблети за џвакање.

Дејство
Ацерола Алкалоид е диететски додаток во секојдневната исхрана. Витаминот Ц е есенцијален витамин којшто е растворлив во вода.

  • Витаминот Ц придонесува за одржување на нормалната функција на имунолошкиот систем во текот на интензивни физички вежби и по нив.
  • Витаминот Ц придонесува за нормално создавање колаген, при што се овозможува нормално функционирање на крвните садови, кожата, коските, ’рскавицата, забите и на непцата.
  • Тој придонесува за нормален метаболизам за создавање енергија,
  • придонесува за нормално функционирање на нервниот систем и за нормално психолошко функционирање.
  • Витаминот Ц придонесува за намалување на заморот и на исцрпеноста.
  • Витаминот Ц придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес.
  • Витаминот Ц ја зголемува апсорпцијата на железо.

Употреба
Таблетите Ацерола Алкалоид се користат при состојби во коишто е зголемена потребата за витамин Ц.

Деца до 6 години:
Препорачана дневна доза е 1 таблета (40 mg).

Пакување
Таблетите Ацерола Алкалоид се спакувани во блистери (OPA/ALU/PVC).

Секој блистер содржи 6 таблети за џвакање.

Картонската кутија содржи 30 таблети за џвакање (5 блистери) и упатство за употреба.